+389 (0)2 2777 665 info@tobidieselparts.mk

За Тоби Дизел Партс

Профил на компанијата

ТОБИ ДИЗЕЛ ПАРТС ДОО Скопје е компанија која се занимава со трговија со резервни делови за бош системите за гориво за сите видови дизел возила ( патнички, теретни, автобуси, градежна механизација, аграрна механизација и др.)

ТОБИ ДИЗЕЛ ПАРТС ДОО Скопје е увозник и дистрибутер на најпознатите светски брендови од оваа област како: BOSCH, DELPHI, DENSO, FIRAD, MONARK, MEFIN, IPM, SPACO, MOTORPAL, SECURDIESEL и други.

Во последните 20 години се етаблиравме на пазарот во Р. Македонија како водечка компанија во дистрибуцијата со резервни делови од оој тип. Нашата продажна линија вклучува широк асортиман на производи, почнувајки од БОШ ПУМПИ, БРИЗГАЛКИ (Улошки дизни), ИЊЕКТОРИ, НАПОЈНИ ПУМПИ, РОТОРИ, РЕГУЛАТОРИ ЗА ПРИТИСОК НА ГОРИВО, ЕЛЕМЕНТИ, ДРУК ВЕНТИЛИ, ГРЕЈАЧИ, ГАРНИТУРИ ДИХТОНИ И СЕТОВИ ЗА РЕПАРАЦИЈА , како за постарата генерација возила па се до најновите технологии (COMMON RAIL, UNIT PUMPS PDE) и сл.

Нашиот асортиман секојдневно се надополнува во согласност со најновите развојни технологии, збогатен со нови брендови кои гарантираат највисок квалитет на производите и најконкурентни цени на пазарот.

01. Визија

Да се биде лидер на пазарот во продажбата на резервни делови бара од нас голема посветеност, професионалност, ефикасност и брзина при постојаното следење на развојот на светската автомобилска индустрија и пристапот до новите технологии.

02. мисија

Излегување во пресрет на нашите клиенти, секогаш наоѓајки го најдоброто решение врз основа на нашето долгогодишно искуство и одличниот однос со нашите деловни партнери

03. вредности

Квалитет
Наша обврска е клиентите секогаш да го добиваат најдобриот производ за своето возило по најповолни услови

Перформанси
Ние се трудиме да бидеме што поблиску до вас и вашите потреби, брзо и ефикасно да ги решаваме вашите проблеми притоа нудејќи ви трајни вредности.

Посветеност
Грижата за нашите корисници и нивното драгоцено време и ресурси се главен поттик за нашата посветеност и вложен труд

Општествена одговорност
Нашите активности се насочени кон подигнување на свеста за зачувување на животната средина, преку одржување на сопствените возила да придонесеме во намалување на загадувањето на околината